Во меч од 21.коло во ракометната Суперлига на Македонија, Пелистер 2 немаше никакви проблеми да дојде до победа на гостувањето кај Радовиш. Битолчани славеа со 26:37 кај тимот кој досега во текот на оваа сезона нема ниту една победа, ниту едно реми. Ова беше 21 пораз на исто толку одиграни натпревари за ракометарите на Радовиш.
Уште на стартот од средбата се виде кој ќе победи. Битолчани од минута во минута ја билдаа разлика во своја корист, која на крајот од полувремето изнесуваше +8 (13:21).
Во продолжение од средбата Пелистер 2 само рутински си ја одработи задачата и успеа на крајот заслужено да слави. Ова за битолчани е деветтата победа, имаат и едно реми, па така сега со 21 бод се наоѓаат на седмата позиција на табелата.
Во победничкиот состав се истакна Петар Марковски со 10 голови од 11 обиди, додека кај Радовишани Славе Јанковски во осум наврати, од девет обиди, се запиша во листата на стрелците.










