Полувреме:Тиквеш – Шкендија 1:1! Стојкоски донесе водство за домашните, Тамба израмни во последните секунди!(ВИДЕО)

81
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Заврши првото полувреме од првиот меч од 18.коло во ПМФЛ во Кавадарци и тоа со резултат 1:1. Домашните поведоа со голот на Стојкоски во 24.минута. Одличната акција ја започна Најдовски, потоа Стојанов прекрасно го проигра Стојкоски, кој прво се ослободи од еден гостински фудбалер, а потоа го совлада немоќниот Гаје.

Добар, одличен Тиквеш кој имаше шанси и за уште некој гол. Шкендија беше далеку под своето ниво.

Сепак Тамба во последните секунди од првиот дел, убаво со глава шутираше за израмнување на 1:1, откако беше проигран од Ибраими.

Јасно е дека во второто полувреме Шкендија ќе тргне со сите сили по резултат кој нејзе и одговара. Дали тоа ќе биде шанса за Тиквеш од контри да го “тресе“ Гаје, остнува да се види.

ПретходноВо Србија откажано дербито, директорот на Војводина се бори за живот
СледноТотенхем го потврди Игор Тудор! (ФОТО)