Реал ја продолжи фантастичната серија и го реши и Реал Сосиедад

56
фото: Real Madrid CF (X)

Реал Мадрид триумфираше на вечерашниот натпревар од Ла Лига со 4:1 против екипата на Реал Сосиедад. Фудбалерите од „Баскија“ дојдоа на Бернабеу со одлична серија од дури 11 натпревари без пораз, но Реал покажа дека во моментов е далеку поквалитетна екипа и ги однесе сите 3 бода.

Реал рано дојде до предност со голот на Гонзало Гарсија уште во 5-тата минута од натпреварот. Гостите брзо изедначија преку Ојарзабал во 21-та минута со гол од пенал, но по само 4 минути Реал повторно дојде до предност со голот на Винисус исто така од белата точка. Феде Валверде во 31-та минута постигна нов гол за домаќините и го најави потопот на гостите од Баскија. На стартот од второто полувреме Арамбуру повторно остро стартуваше и направи нов пенал за домаќините. Винисиус го искористи тој пенал и ја запечати победата на својот тим.

Со овој триумф Реал се искачи на првото место во Ла Лига со 60 бода, а Реал Сосиедад се наоѓа на 8-мото место со 31 бод.

ПретходноЛиверпул на рутина до осминафинале во ФА Купот
СледноСмилковски: Победи кошарката, единствени губитници се судиите!