Јуве со играч помалку немаше сили да му „откине“ бодови на Интер

60
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Интер ја совладаа екипата на Јувентус со 3:2 во вечерашното Дерби на Италија кое се одигра во рамките на Серија А. Гостинските фудбалери играа со играч помалку уште од 42-та минута кога Калулу доби втор жолт картон.

Интер поведе рано со автоголот на Камбиасо во 17-тата минута, но младиот италијанец се искупи за својата грешка и го изедначи резултатот само 9 минути подоцна. Во второто полувреме Интер повторно поведе преку Еспозито во 70-тата минута, но „ранетиот“ Јувентус повторно успеа да изедначи со голот на Локатели во 83-тата минута. Во последните минути од натпреварот полјакот Зиелински постигна гол за голема радост на домашниот тим.

Со овој триумф Интер остана на првата позиција на табелата со 61 бод, а Јуве падна на 5-тото место со 46 бодови.

ПретходноДве децении бегал од полицијата, па го уапсиле откако се обидел да гледа хокеј на ЗОИ 26
СледноЛиверпул на рутина до осминафинале во ФА Купот