Андреј не можеше сам: 19 поени на Јакимовски недоволни за победа на Тренто

87
Фото: Тренто/Фејсбук

Серијата извонредни резултати на италијански Тренто заврши вечерва сосема неочекувано на гостувањето кај еден од најслабите тимови во италијанското првенство, екипата на Канту. Тренто загуби со 108:91 и не успеа да ја искористи брилијантната партија на нашиот млад репрезентативец Андреј Јакимовски, кој блескаше на паркетот.

Андреј средбата ја заврши со својот трет најдобар поентерски учинок во дресот на Тренто оваа сезона, постигнувајќи 19 поени, на кои придодаде и 7 скока и една асистенција. Јакимовски беше најдобриот играч на Тренто денеска, но остатокот од тимот беше далеку под очекуваното.

За Тренто ова беше деветти сезонски пораз со кој остана на 7. место на табелата.

ПретходноАрсенал за едно полувреме си го обезбеди осминафиналето во ФА Купот
СледноОва го може само Хулк: Дали уште сега го имаме голот на годината? (ВИДЕО)