Србија беше потресена од веста за смртта на прославената тенисерка и тренерка Татјана Јечменица. Таа почина во тешка сообраќајна несреќа, а нејзиниот сопруг Дарко Јевтиќ, кој е директор наа РК Војводина, исто така бил во автомобилот во моментот на судирот. Тој сè уште е во шок-соба и следните 72 часа ќе бидат клучни за неговото закрепнување.
Како што објавува „Блиц“, Дарко Јевтиќ е во шок-соба и е во индуцирана кома и моментално е стабилен. Во следните 72 часа неговото тело мора да се бори за да биде опериран. Лекарите во иднина ќе донесат одлука дали ќе го разбудат од кома за да ја извршат потребната операција или ќе почекаат уште малку.
Јевтиќ претрпел сериозни повреди ги скрши ребрата, има пукнат пршлен, но пред два дена можеше да ги движи рацете и нозете. Поради силата на ударот што го доби, неговите бели дробови беа оштетени. Тој моментално е во индуцирана кома и лекарите засега не очекуваат неговата состојба да се влоши.










