Дарио Ивановски дојде до уште еден добар резултат во неговата кариераа. На денешниот маратон во Севиља го истрча за време од 2 часа, 12 минути и 23 секунди, што е негов трети најдобар во кариерата.
Дарио пред две години токму во Севиља го постави македонскиот рекорд кој е на четири минути подобар од денешниот резултат на патеката долга 42.195 метри.

Резултатот му донесе нов двегодишен статус – спортист од меѓународна категорија од Министерството за спорт на Македонија, како и пласман на ЕП во Бирмингам оваа година.










