Дарио: Ова е трката која ми го покажа патот до олимпискиот сон

173
фото: Dario Ivanovski (FB)

По уште еден одличен настап на маратонот во Севиља, нашиот најдобар маратонец, Дарио Ивановски, даде своја оценка на денешната битка со километрите.

„Ова е трката која ми го покажа патот до олимпискиот сон и трката која ме врати повторно во професионалната игра. Овој пат не беше најдобриот резултат од мене, но со оваа трка си потврдив дека вредам за многу повеќе. Јас денеска решив да ризикувам односно да тргнам со група 2 – односно да биде ритамот на темпото од 3:00 со таргет 1:03:30 на половина. На половината на маратонот поминав со личен рекорд и воедно најбрзо истрчано државно време на полу маратон. Сепак, темпото на почетокот беше и малку побрзо со тоа што во втората половина го платив “данокот” и завршив со 2:12:23. Можеби е веќе наплатен таму некаде сам во околностите каде што успевам да се подготвувам. Како и да е јас сум спортист и мојата работа и улога е да го извадам максимумот во секакви околности. Мојата одговорност е достоинствено со целото срце да го постигнам најдоброто. Наскоро ке одлучам дали набрзо ке имам уште еден тест со оглед на тоа како ке се опорави телото или ке биде директен настап на Европското првенство во Бирмингем“, потенцираше Дарио.

ПретходноМВП признанието за Смит Меквин
СледноДоминација без конкуренција – МЗТ Скопје!