Одбојакрите на Штип УГД ја продолжија победничката низа во домашниот шампионат, откако викендов во рамките на 4. коло од пелј-офот го добија и дербито со ГОК Борец за пласман на врвот на табелата. Штипјани потврдуваат дека во моментов им нема достоен конкурент во лигата и сериозно размислуваат за историска можност да се борат за првата титула.
Шампионот Струмица кој доживеа големи структурни промени, во ова коло си дозволи нов „кикс“. Струмичани загубија дома од екипата на Работнички. За утре е закажано малото дерби меѓу Сушево и Универзитет во Тетово.
Во плеј-аут групата, сигунри победи запишаа Скопје, Лирија и Шкендија.
ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –ОФ
Сушево – Универзитет во Тетово (понеделник, 20:30 ч.)
Штип УГД – ГОК Борец 3:1
Струмица 47&72 – Работнички 71&22 1:3
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (40), 2. ГОК Борец (35), 3. Струмица (34), 4. Работнички (33), 5. Сушево (21), 6. Универзитет во Тетово (20).
ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –АУТ
Јанта волеј – Скопје 0:3
Лирија – Весна Пробиштип 3:0
Македонија Џио – Шкендија 0:3
ТАБЕЛА: 1. Шкендија (26), 2. Лирија (23), 3. Скопје (12), 4. Весна Пробиштип (9), 5. Македонија Џио (8), 6. Јанта Волеј (2).










