Младата олимпијка не ја заврши првата трка во велеслалом, главата горе Јана!

306

Јана Атанасовска денеска го имаше својот прв настап на Зимските Олимписки Игри. Таа е четвртата македонска олимпијка кој ја претставува Македонија.

Во силна конкуренција со познати и искусни имиња, Јана која има само 19 години, првата трка во велеслалом за жал не ја заврши, останува без пласман.

Јана настапи во конкуренција на 76 натпреварувачки. После Светскиот Куп каде испиша историја како прв натпреварувач од Македонија во женска и машка конкуренција, сега го запиша и првиот настап на ЗОИ.

Нашата олимпијка нема да настапи на втората трка во велеслалом, која е закажана за денеска во 13:30 часот.

Јана ја чека уште еден настап на ЗОИ за три дена.

ПретходноСтруга Трим Лум нема избор – најдобриот мора да стисне заби!
СледноДарио Ивановски со одличен настап на маратонот во Севиља