ПМФЛ: Вардар го “размонтира“ Работнички и покажа дека го интересира само титула! (ФОТО)

270

Вардар со 0:3, како гостин на ФФМ, успеа убедливо да го победи Работнички во скопската пресметка. Во меч од 18.коло во тековната сезона во ПМФЛ. По двете стартни и убедливи победи на Вардар оваа пролет, со Арсими и сега со Работнички, лидерот и дефинитивно покажува дека го интересира само титулата.

Закариќ, Омерагиќ и Цветковиќ беа стрелците за Вардар, посебно ефектен беше оној на српскиот напаѓач за 0:3 на почетокот од второто полувреме.

Скопската пресметка некогаш беше големо дерби во мак – фудбалот, ама сега тимот од Дебар Маало е само вреќа за боксирање.

Вардар на овој меч искрено одигра колку што треба, едноставно не се потроши премногу физички.

А како ќе се одвива овој меч, се чини дека се виде уште во 30 секунда кога Цветковиќ имаше зицер позиција, но го погоди само дирекот. Малку недостигаше да биде 0:1 за Вардар. Сепак имаше гол во 8.минута, кога прво Омерагиќ асистираше а Закариќ ја тресе мрежата на Ондоа за 0:1, за водство на Вардар. Веќе во 16.минута беше 0:2, кога токму Омерагиќ убаво се снајде пред голот на Работнички, и успеа убаво да се снајде за 0:2. Работнички преку Талаков опасно се закани, но Талески со фантастична одбрана го спасува голот на Вардар.

Гостинот во тие моменти како да го намали темпото, едноставно немаше ни потреба од голем ритам кога се виде дека против себе има еден слаб, очаен Работнички. Па така на пауза се замина со тие 0:2 за Вардар.

Само што започна второто полувреме, Цветковиќ со прекрасен гол зголемува на 0:3. Во тие моменти стратегот Гоце Седлоски побара од своите играчи да одиграат поагресивно, едноставно не беше премногу задоволен од тоа што го гледа. Да потсетиме дека Седлоски пред две години беше стратег и на Работнички.

Тимот на Муарем Муарем беше во шанса во 55.минута кога Езеб се најде сам пред Талески, но голманот на Вардар му ја одзема таа топка на напаѓачот на Работнички.

Следуваше период во кој очигледно беше дека Работнички се обидува да стори нешто повеќе, ама Вардар едноставно си ја искажа сета своја сила и без некоја преголемо напрегање и тоа како знаеше што сака. Шансата на Елези, само малку ги размрда работите на теренот во таа 73.минута, но Талески беше и сега на висина на задачата.

Настапи и Хоакин Торес во дресот на Вардар. Аргентинецот покажа дека има квалитет, несомнено имаше голем мотив и беше борбен, а јасно е дека ќе биде големо засилување за тимот на стратегот Гоце Седлоски.

И кога Вардар и дефинитивно се откажа од уште поубедлива победа, Работнички преку Мухарем во 90.минута ја погоди стативата, а и да беше гол ништо генерално немаше да се смени за тоа каков беше овој натпревар.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМедицинскиот тим на ФФМ на престижен семинар во Минхен
СледноПолувреме: Радески за водство на Струга ТЛ во дербито!