ПМФЛ: Силекс со супер финиш ја шокираше Струга ТЛ на нејзин терен!

330

Каков шок за Струга ТЛ. Во дербито на 18.коло, стружани се поразени од Силекс со 2:3. Ова беше втор пролетен меч за стружани, второ дерби и втор пораз. Па така сега стружани имаат -7 бода од Вардар и се чини дека полека, но сигурно се откажуваат од битката за титулата, а и се трети на табелата.

Струга имаше водство од 1:0 и 2:1, имаше се во свои раце, но кратовци со супер финиш, со два гола во 81. и 85.минута преку Николовски и Пиреш, дојде до победа по тешкиот терен за играње.

Интересно, динамично и возбудливо дерби.

Струга ТЛ веднаш на почетокот покажа дека има намера да победи на овој дерби меч. Така и се однесуваше на теренот, на дуелот со Силекс. Домашните својата теренска надмоќ ја реализираа со водство во 22.минута кога Компаоре прекрасно му асистираше на Радески, а овој успеа да погоди за 1:0. Со тој резултат се замина на одмор.

Јасно беше дека во продолжение од средбата, Силекс ќе стори се да дојде до израмнување, па и до пресврт. Се играше 53.минута кога Алиќ доби употреблива топка во шеснаесетникот на домашните и максимално прецизно шутираше кон голот на Ангелети. Италијанецот беше немоќен, а Силекс успеа да израмни на 1:1.

Но само седум минути подоцна Струга ТЛ успеа повторно да го врати водството. Од десно беше нафрлено пред голот на кратовци, тука Џеков ја одби топката која дојде до Компаоре кој речиси од мртов агол сепак успеа да ја смести во мрежата за 2:1. И ВАР ја гледаше оваа ситуација, сепак се виде дека се е регуларно.

Компаоре и во 78.минута постигна гол, но сега ВАР поради офсајд истиот го поништи.

Се играше 81.минута кога Силекс успеа да дојде ново израмнување. Марко Николовски убаво реагираше на одбиената топка на Ангелети и ја смести во мрежата за 2:2. Домашните реагираа, сметаа дека имало фаул над Мици, но од ВАР собата голот беше потврден а Стојанче Трпчевски покажа на центарот.

И тоа не беше се од Силекс, во 85.минута нов гол за кратовци кога Пиреш најдобро се снајде пред домашниот гол откако беше изведен корнер. Секако дека ова беше шок за стружани кои двапати водеа со 1:0 и 2:1, ама на крајот овој натпревар го загубија.

ПретходноЦената е од 500 до 2.000 денари:Шкендија утре ги пушта во продажба билетите за мечот со Самсуснспор!
СледноБилбао со пресврт до гостинска победа кај Овиедо!