Сензационална победа на Бадел 1862 против фаворитот Крива Паланка

33

Во Прва лига жени добивме едно големо изненадување. Екипата на Бадел 1862 ја продолжи победничката серија, овој пат избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ на домашен терен славеа против фаворитот Крива Паланка со 66-52 во меч од 13. коло.

Линдзи Клири со дабл-дабл од 16 поени и 11 скока беше лидерот во редовите на победникот. Одлично деби имаше и Арин Фримен, која запиша 15 поени, 10 скока и 4 асистенции. Јована Петрушевска беше стрелец на 10 поени и 7 скока. На другата страна Аби Нихус имаше 15 поени.

За Бадел 1862 ова беше четврта победа по ред, вкупно осма. На другата страна Крива Паланка загуби важни бодови во трката за лидерското место со Баскет Кам.

ПретходноСамсунспор во Скопје доаѓа со Торстен Финк како тренер!
СледноПолувреме: Вардар си го гази очајниот Работнички!