Тиквеш со победа над Куманово се поблиску до плеј-офот

61

Ракометарите на Тиквеш го победија Куманово со 33:26 и се зацврстија на 5. место на табелата во домашната суперлига. Кавадарчани со денешниот триумф сериозно ги засилија шансите за место во плеј-офот меѓу шесте најдобри екипи во регуларниот дел од сезоната.

Домашните вечерва имаа комплетна контрола на она што се случуваше на теренот. Во првото полувреме направија предност од 15:11, а во вториот дел успеаја комплетно да го „скршат“ противникот и да славаат со убедлив резултат.

Мартин Димовски имаше извонреден настап со 9 погодока од исто толку упатени удари кон противничкиот гол, а Мијушковиќ и Цејовиќ погодија по 6 пати. Кај гостите најефикасен беше Ончев со 9 гола.

ПретходноСтоле остана со празна мрежа, Валенсија слави (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје е друга планета – пехарот во Купот на Македонија останува „сино-бел“ (ФОТО)