Титулата се смешка: Вардар е на +6 од Шкендија и на +7 од Струга ТЛ!

500

Дали по пауза од шест години Вардар, нашиот најтрофеен клуб ќе ја врати титулата во своите витрини? Секако дека има уште многу да се игра, ама дали по средбите од 18.коло, се чини дека сонот станува јаве за сите оние кои го сакаат нашиот најтрофеен клуб.

Вардар по денешната победа над Работнички, сега има 48 бодови и натаму е прв. Да потсетиме дека тимот на Гоце Седлоски има два од два оваа пролет, и тоа убедливи победи против Арсими и Работнички. Шкендија е трета, и тетовци имаат два од два, по победите над Струга ТЛ и Тиквеш, но има 42 бода, значи шест помалку од лидерот и секако европски обвврски.

Струга ТЛ оваа пролет стартуваше како втора со само -1 бод во однос на Вардар, но со двата порази и двата во дерби мечеви со Шкендија и денеска со Силекс, се чини дека го губи чекорот со Вардар.

Јасно е дека до крајот има да се одиграат уште 15 кола, во игра се значи 45 бодови за секоја од овие три екипи, ама се чини дека титулата на Вардар му се смешка.

Оваа бодовна разлика што Вардар ја има во однос на Шкендија и Струга ТЛ може по следното 19.коло и да се зголеми. Имено тимот на Седлоски игра дома со Башкими, Струга ТЛ му гостува на Пелистер а Шкендија игра во Кратово кај Силекс и тоа само три дена по европскиот дуел со Самсунспор.

ПретходноЗОИ 2026: Брињоне со уште едно злато!
СледноПелистер се засили и со некогашен фудбалер на Партизан!(ФОТО)