Извонредна партија: Чурлинов запиша две асистенции, едната беше ремек-дело (ВИДЕО)

137
фото: Kocaelispor ENG @KocaelisporENG (X)

Македонскиот репрезентативец дарко Чурлинов имаше извонреден настап за својот тим Коџаелиспор на денешниот дуел со Газиантеп во рамките на 22 коло од турската Суперлига.

Нашиот офанзивец успеа да реализира две асистенции кои доведоа до втор и трет гол за неговата екипа во победата од 3:0.

Чурлинов влезе во игра дури во 72. минута, но тоа не му пречеше да му овозможи на својот тим блескава завршница. Прво во 76-тата минута запиша прва асистенција, а потоа во 81-та минута и втора, со што Коџаелиспор дојде до триумф.

Особено впечатлива беше онаа прва асистенција со пета, која предизвика еуфорија и на трибините.

ПретходноШто се случи со Атлетико за само неколку дена? Шлаканица за момците на Чоло!
СледноИ велешани минаа од редот: Штип УГД се зацврстува на врвот