Екипата на Куманово денеска пред финалето, а три дена после четвртфиналниот натпревар против Пелистер се огласи во јавноста. Организаторот на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ вели дека никогаш немале лошо намерни кон Пелистер, ниту кон нивните фанови, напротив секогаш ја почитувале нивната спортска традиција. Куманово се оградува од инцидентот во салата при обидот да влезат „Чкембари“ потенцирајќи дека во нивниот дом секогаш има место за сите фанови и истите не треба да се плашат за нивната безбедност.
View this post on Instagram
Инаку вечерва Куманово ќе игра финале во Купот на Македонија, за противник го има бранителот на трофејот, МЗТ Скопје, мечот стартува во 19 часот.










