Линдзи Вон пуштена од болница!

149
ФОТО: Screenshot Instagram

Линдзи Вон е отпуштена од болницата во Италија, каде што беше примена пред седум дена, по тежок пад во спустот на Зимските олимписки игри.Таа претходно објави дека четвртата операција на ногата, која беше извршена во саботата, поминала добро и дека со нетрпение очекува да се врати дома во Америка. Додаде дека се опоравува по неколку тешки денови и дека има долг пат пред себе, бидејќи е закажана уште една операција во САД.
„Љубовта што ја имам кон скијањето останува. Сè уште со нетрпение го очекувам моментот кога повторно ќе можам да застанам на врвот на планината. И ќе застанам“ се огласи американската скијачка.
Линдзи се надеваше дека ќе стане најстарата освојувачка на медал во алпско скијање во историјата на Олимписките игри, откако освои два спуста на Светскиот куп оваа година и заврши на подиумот во другите три трки.
По падот беше префрлена во болница, каде што беше оперирана, веднаш потоа и по вторпат, а и третпат. Вчера беше подвргната и на четвртата операција.

ПретходноПолувреме: Вардар си го гази очајниот Работнички!
СледноМедицинскиот тим на ФФМ на престижен семинар во Минхен