МЗТ Скопје е освојувач и на годинешното издание на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур’, овој пат до 14. пехар дојде преку Куманово. Во финалето „сино-белите“ лесно и без проблем славеа со 70-96.
За најкорисен играч на завршницата на Купот на Македонија беше прогласен Смит Меквин. Американецот во редовите на МЗТ Скопје ја заслужи оваа награда, бидејќи беше лидер во редовите на својот тим во финалето со 23 поени.










