Наполи и Рома ги поделија бодовите, Елмас запиша асистенција

41

Фудбалерите на Наполи и Рома ремизираа 2:2 на „Марадона“ во популарното „Дерби на сонцето“, кое се играше во рамките на 25-то коло од италијанската Серија А.

Иако видовме одличен натпревар, тешко дека некој од двата табора е задоволен со по еден бод. Наполи сега е на третото место на табелата со 50 бода, заостанува 11 бода зад лидерот Интер и се чини дека останува без реални шанси во битката за одбрана на титулата.

Нашиот елиф Елмас денеска запиша нова асистенција, откако во40-тата минута го послужи Спинацола при постигнувањето на првиот гол за домашните.

Со само второто реми во сезоната, Рома повторно се издвои на посакуваната четврта позиција, која гарантира пласман во Лигата на шампионите.

ПретходноИлиевски погоди двапати за Приштина, Адеми со гол за Љапи (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид постави историски рекорд по број на пенали во Ла Лига!