Самсунспор во Скопје доаѓа со Торстен Финк како тренер!

88
ФОТО:.facebook.com/thorsten.fink.hs

И по Германец, Германец. Самсунспор, противникот на Шкендија во нокаут – фазата во Лигата на Конференции, откако го отпушти Томас Рајс, го договори познатиот Торстен Финк (58) за нов стратег. Има договор, се очекува само официјална потврда.

Ова значи дека во четврток (21 часот), на Националната Арена во Скопје, турскиот тим ќе биде предводен од Торстен Финк.

Тој е некогашен фудбалер на Баерн Минхен, а како тренер работел во екипите на Ингштад, Базел, Хамбургер,Апоел, Австрија Виена, Грасхоперс, Рига, Ал Наср, Сент – Труден, Генк.

Од ова се гледа дека Финк има доволно искуство и квалитет, сепак даки тоа ќе биде доволно да се мине нашиот шампион, останува да се види, посебно ако се знае дека Шкендија по победите со Струга ТЛ и Тиквеш, покажа дека е во супер форма.

ПретходноКуманово сонува за историја, МЗТ Скопје посакува доминација!
СледноСензационална победа на Бадел 1862 против фаворитот Крива Паланка