Шкемби: Судиите се виновници за овој пораз

344

Струга Трим Лум претрпе пораз од 2:3 во натпреварот од 18-то коло против Силекс. Тренерот Бледи Шкемби, по мечот ги обвини судиите за овој пораз…

„Двапати имавме водство, го постигнавме третиот гол, но без никаква смисла го поништија поради офсајд!!! Имаше и чист пенал за нас, но сепак не го видоа!!! Вториот гол на Силекс беше од офсајд и ВАР не интервенираше за да го прегледа!!! Мислам дека покрај нашите проблеми, судијата ни ја одзеде победата. Не сум тренер што се занимава со судии, но се прават многу грешки против нас!!!“ – рече тренерот Бледи Шкемби.

Струга Трим Лум следниот првенствен натпревар ќе го игра на 21 февруари (сабота) против Пелистер во Битолa.

ПретходноЕкс-фудбалер на Ливерпул оди на суд
СледноИлиевски погоди двапати за Приштина, Адеми со гол за Љапи (ВИДЕО)