Јокиќ одговори на критиките на Дурент: Ништо не ми менува…

272

Никола Јокиќ веќе со години е најдобар кошаркар во НБА-лигата, но за разлика од некои други – нема потреба тоа да си го докажува себеси и на светот на Ол-старот. Така, со години можеби е и најслабиот играч на Ол-стар натпреварот, едноставно затоа што не се труди и не го интересира да вложува дополнителна енергија, а тоа нема да се промени ниту со промената на форматот.

Иако изгледа дека ќе има повеќе натпреварувачки набој поради дуелот меѓу Американците и „останатите“ – кај Јокиќ тоа не разбуди желба дополнително да се докажува, ниту пак го вознемири тоа што Кевин Дурент го прозиваше него и Лука Дончиќ поради тоа.

„Мислам дека ќе видиме утре. Што се однесува до мене, јас ќе играм како што играв секоја година…“, веднаш објасни Никола Јокиќ без никаква желба да појаснува зошто Ол-старот не го интересира: „Значи, мислам дека тоа нема да ми донесе некаков дополнителен жар. Нема, затоа што јас секој натпревар го играм исто. Така што мене тоа ништо не ми менува“.

Ништо нема да се промени ниту поради тоа што во тимот го има Лука Дончиќ, со кого сепак повеќе сака да се забавува надвор од теренот отколку на него.

Со години се зборува дека Ол-старот станал неатрактивен и дека никој повеќе не е заинтересиран да игра на тој натпревар, а Дурент смета дека притисокот е преголем врз Американците – помал врз интернационалните играчи.

„Прашајте ја европската и светската репрезентација дали сакаат да се натпреваруваат. Затоа што ако ги погледнете Лука Дончиќ и Никола Јокиќ на лигашките натпревари, ајде да се осврнеме на тоа што прават на Ол-стар средбите. Дали тоа е натпреварување? Значи, не го доведувавме во прашање тоа што тие го прават, но ќе ги преиспитуваме постарите играчи и Американците“, изјави Дурент лутo на прес-конференцијата.

ПретходноЏеков: Одиме во Струга да се надигруваме, се надеваме дека бодовите ќе ги однесеме во Кратово
СледноКуманово сонува за историја, МЗТ Скопје посакува доминација!