Арсенал за едно полувреме си го обезбеди осминафиналето во ФА Купот

22
фото: Arsenal FC (X)

Фудбалерите на Арсенал без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето на ФА Купот.

Лидерот на Премиер лигата и клубот што го освои ФА Купот рекордни 14 пати, вечерва го совлада третолигашот Виган со 4:0 на својот стадион.

Сите четири гола беа постигнати во првиот дел од мечот, кога и падна одлуката за победникот. Мадуеке, Мартинели, Габриел Жезус и еден автогол на Хант беа доволни „топчиите“ брзо да го визираат своето место за осминафиналето.

ПретходноИспиша историја: Норвежанецот е најдобриот олимпиец на Зимските олимписки игри!
СледноАндреј не можеше сам: 19 поени на Јакимовски недоволни за победа на Тренто