Дарио Ивановски со одличен настап на маратонот во Севиља

61
фото: Атлетска федерација на Македонија (Facebook)

Дарио Ивановски дојде до уште еден добар резултат во неговата кариераа. На денешниот маратон во Севиља го истрча за време од 2 часа, 12 минути и 23 секунди, што е негов трети најдобар во кариерата.

Дарио пред две години токму во Севиља го постави македонскиот рекорд кој е на четири минути подобар од денешниот резултат на патеката долга 42.195 метри.

Резултатот му донесе нов двегодишен статус – спортист од меѓународна категорија од Министерството за спорт на Македонија, како и пласман на ЕП во Бирмингам оваа година.

ПретходноМладата олимпијка не ја заврши првата трка во велеслалом, главата горе Јана!
СледноЏеков: Одиме во Струга да се надигруваме, се надеваме дека бодовите ќе ги однесеме во Кратово