МЗТ Скопје е старо-новиот освојувач на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако во финалето славеше против Куманово со убедчиви 96-70. Тимот од Аеродром на сите три меча беше доминантен, по којзнае кој пат докажа зошто е број еден со години.
Во Аеродром ќе пристигне 14. пехар во Купот на Македонија, МЗТ Скопје во изминатите четири години доминира и во ова натпреварување.
МВП признанието му припадна на Американецот Стивен Меквин, кој беше одличен во финалето. Тој е шестиот странец кој бил прогласен за најкорисен кошаркар во Купот.










