ЗОИ 2026: Брињоне со уште едно злато!

21
ФОТО:x.com/milanocortina26

Италијанската скијачка Федерика Брињоне го освои златниот медал во велеслалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Брињоне беше најбрза уште по првата трка, а победи со резултат од 2:13,50 минути.
Брињоне освои две злата во Милано и Кортина, откако минатата недела беше најдобра во супервелеслалом. Сега има вкупно пет олимписки медали во кариерата. Сребрениот медал го освоија Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиза Стјернесунд, кои го постигнаа истиот резултат и заостанаа 0,62 секунди зад победничката.
Четвртото место го зазеде Италијанката Лара Деле Меа, а петтото беше Австријката Јулија Шајб.
Италијанката Софија Гоџа го освои 10-то место, Американката Микаела Шифрин беше 11-та, а хрватската скијачка Зринка Љутиќ го освои 17-то место.

ПретходноБилбао со пресврт до гостинска победа кај Овиедо!
СледноТитулата се смешка: Вардар е на +6 од Шкендија и на +7 од Струга ТЛ!