МЗТ Скопје е друга планета – пехарот во Купот на Македонија останува „сино-бел“ (ФОТО)

189

МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во македонскиот шампионат, вечерва на дело покажа зошто и натаму е број еден. Тимот од Аеродром го совлада Куманово со 70-96 во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ и дојде до 14 трофеј во ова натпреварување, четврти во серија.

Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени беа први стрелци кај победникот. На другата страна Митевски, Ѓуроски и Луковиќ имаа по 13 поени.

Како почнаа, така и завршија „сино-белите“. Доминираа во текот на сите три дена во Куманово, победата во ниту еден момент не беше ставена под знак прашалник. Влегоа со голема самодоверба, на терен ја демонстрираа својата класа.

За две четвртини го решија името на победникот, рано поведоа со двоцифрена разлика, на стартот на втората четвртина беше 19-31, од овој момент истата постојано се зголемуваше. На одморот резултатот беше 33-48.

Само пет минути игра во третата четвртина беа доволни за да МЗТ Скопје дојде на плус 25 (37-62), резултат кој беше најава за победата на скопскиот состав. Куманово беше исцрпен од двата тешки мечеви, не функционираше ниту шутот за три поени. Сето ова беше повеќе од доволно за тим како МЗТ Скопје да го казни и цврсто да чекори кон нов пехар во Купот на Македонија.

До крајот не видовме многу возбуда, ниту неизвесност. МЗТ Скопје ја имаше рутинската задача.

На Куманово му останува да биде горд што стигна до финале, а до фановите честитки што ја исполнија салата, барем за мечевите на нивниот тим и не вратиј во оние времиња кога кошарката се играше пред полни трибини.

ПретходноТиквеш со победа над Куманово се поблиску до плеј-офот
СледноМВП признанието за Смит Меквин