Михајло Петровиќ (20), млад офанзивен играч за врска е најновото засилување во тимот на Пелистер. Босанецот ќе игра за битолчани како позајмен играч на ОФК Београ до крајот на сезоната за тимот на Пелистер.
Од она што може да се види на интернет, Петровиќ е роден во БиХ, ама е дете на Партизан, ја има минато школата на еден од најголемите клубови на овие простори. Добива и професионален договор со “црно – белите“, ама прави трансфер во ОФК Београд минатото лето.
Попладнево раководството на Пелистер и официјално го претстави своето најново зимско засилување, кој е дојден како позајмен играч.















