Роналдињо го поздрави новиот херој на Бразил!

60
ФОТО: Ronaldinho/X

Поранешната суперѕвезда на Барселона, ПСЖ, Милан секако и на Бразил, Роналдињо, му оддаде почит на скијачот Лукас Пињеиро Бротен, кој освои злато во велеслалом на Олимписките игри Милано-Кортина.
25-годишникот, кој се натпреваруваше за Норвешка до 2023 година, му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри. „Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша поранешниот фудбалер на социјалните мрежи.
Бротен го објави своето пензионирање пред сезоната 2023/24 по спор со Норвешката скијачка федерација. Сепак, во март 2024 година се врати во спортот под бразилското знаме, бидејќи неговата мајка е Бразилка.

Секако дека неговиот златен медал е една од најголемите сензации во ЗОИ, барем кога се однесува на тоа дека на еден Бразил му донесе најсјајно одличје во зимски спортови.

ПретходноПелистер се засили и со некогашен фудбалер на Партизан!(ФОТО)
СледноШто се случи со Атлетико за само неколку дена? Шлаканица за момците на Чоло!