Сенгор мора на операција, Бабунски е на терапии

243

Двајца фудбалери на Вардар имаат проблеми со колената од кои најсериозна е онаа на стоперот Фаустин Сенгор кој во текот на неделата која следи ќе мора да оди на оперативен зафат поради пролемите со менискусот. Искусниот стопер се повреди на поготовките во Анталија исто како и Муса Раматхан кој веќе е извесен период во аут. За фудбалерот од Уганда сезоната е завршена, а најверојатно тоа ќе биде случај и со Фаустин Сенгор.

Поради помала повреда, но не така наивна од тимот на Вардар во аут е и Давид Бабунски, кој има проблеми со колатералниот лигамент. Со терапии веќе три недели се санира повредата поради која „црвено-црните“ настапија без Бабунски на дуелот со Аресими, така ќе биде и денеска против Работнички.

ПретходноТодоровски: Респект кон секого, но Вардар оди секогаш и на секој меч на победа!
СледноВо следните часови лекарите треба да донесат одлука за директорот на РК Војводина