Само три дена по фантастичниот настап и убедливата победа над Барселона во Копа дел Реј, Атлетико Мадрид им приреди ново големо разочарување на своите фанови во шпанската Ла Лига. Момците на Чоло Симеоне денеска загубија со убедливи 3:0 на гостувањето кај Рајо Ваљекано во Леганес и со го запишаа и вториот последователен пораз во лигата. Виновник за поразот е и самиот Симеоне кој реши да го промени речиси целиот состав што го одигра тој натпревар со Барса и веројатно да ги зачува силите за мечот со Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Но ваквите „егзибиции“ се покажаа како тотално погрешни.
Атлетико не знае за победа во Ла Лига веже три меча и сериозно се оддалечи од лидерите на табелата. Денеска на гостувањето против Рајо, гостите беа непрепознатливи, а домашните со одлучна игра дојдоа до победата по само едно полувреме.
Рајо со головите на Перез и Валентин во 40. и 45. минута веќе имаше предност од 2:0, а Менди со погодокот во 76. минута само го потврди големиот триумф. Ова беше исклучително важна победа за домашните, кои успеаја да избегаат од зоната за испаѓање.










