Белули: Трите бода се императив за Арсими против AП Брера

62

Во рамките на 18. коло, eкипата на Арсими ja очекува значаен натпревар против АП Брера од Струмица . Играчот од средниот ред на Арсими , Малиќ Бехлули  очекува бодовите да остануваат во Гостивар.

“Станува збор за квалитетен противник, но екипата е максимално подготвена и фокусирана со јасна цел освојување на трите бода.

По поразот од лидерот Вардар минатото коло, тимот направи детална анализа и во текот на неделата посветено работеше на корекција на грешките. Тој натпревар е оставен зад нас и служи како дополнителен мотив за подобро издание.

Против гостите, тимот ќе се бори до последниот судиски свиреж за дресот, за клубот и за поддршката од навивачите. Целта е јасна  победа и задржување на бодовите на домашен терен”,  изјави  фудбалерот на Арсими.

Натпреварот   помеѓу Арсими и Ап Брера од Струмица ќе се одигра понеделник со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Гостивар

ПретходноДамјан Стојановски испиша историја во Купот на Македонија
СледноУште еден момент за историја: Елена Мицковска е првата жена делегат на едно Куп финале!