Леброн Џејмс: „Не знам дали ќе играм следната сезона!“

43
фото: Hoop Central (X)

Леброн Џејмс беше во центарот на вниманието за време на Ол-стар викендот во Лос Анџелес, а најчестото прашање беше дали ќе игра во НБА следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, рече Џејмс.
Леброн има 41 година, а ова е последната година од неговиот договор со Лејкерс, според кој треба да заработи 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е основниот предуслов за секој сериозен резултат“, рече Џејмс.

Инаку Џејмс е еден од најдобрите кошаркари во историјата, и моментално ја игра својата 23-та сезона во НБА.

ПретходноПМФЛ: Очекувана и лесна победа на “лавовите“ во скопската пресметка
СледноПМФЛ: Брера со супер значајна победа кај Арсими!