Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и на најновата ВТА-ранг листа направи мал исчекор кон остварување на најдобриот пласман во нејзината кариера.
Лина се најде на 181. позиција во светскиот ранкинг, поточно овој понеделник напредуваше за едно место.
31-годишната македонската тенисерка во 2017 година се најде на 170. место, што е најдобар пласман за неа во досегашната кариера.
И натаму лидер е Арина Сабаленка, зад неа е Ига Швјонтек, додека третото место и припаѓа на Елена Рибакина.










