Неверојатно: „Ако треба и да му ја скршите ногата на Нејмар!“(ВИДЕО)

237
ФОТО:.facebook.com/santosfc/

Намести еден гол во победата на Сантос од 6-0 над Вело Клубе во бразилската држава Сао Паоло, но главната приказна на натпреварот беше опасниот старт врз Нејмар и она што му претходеше.

Бразилските медиуми објавија пред натпреварот дека ултрасите на Вело Клубе дошле кај играчите и им рекле:

Направете што е потребно за да победите! Ако треба да го скршите Нејмар и да го исфрлите од Светското првенство, тогаш направете го тоа!“

Нејмар влезе во игра во второто полувреме и беше соборен од Ислан, противнички дефанзивец, во 77-та минута. Беше опасен старт за ѕвездата на Сантос, но судијата го казни прекршителот само со жолт картон. Се чини дека требаше да биде суспендиран за тоа. Нејмар се струполи на теренот по фаулот, но откако доби помош, продолжи да игра и постигна гол.

Погледнете како изгледаше сè во видеото на 5:44 минута.

ПретходноВардар 1961 со апел до фановите: Побрзајте, рокот истекува на полноќ!
СледноПМФЛ: Очекувана и лесна победа на “лавовите“ во скопската пресметка