Уште еден момент за историја: Елена Мицковска е првата жена делегат на едно Куп финале!

70
Фото: https://www.instagram.com/mkd.basketball.officials

Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој мина во знакот на МЗТ Скопје е уникатен по многу детали, екипни и индивидуални.

На списокот на официјални лица за финалниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Куманово се најде и една дама. Елена Мицковска е првата жена која ја добила улогата на делегат на еден ваков голем меч, како што е финалето во Купот на Македонија во машка конкуренција.

Мицковска е поранешна кошаркарка. Таа е прва жена претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

ПретходноБелули: Трите бода се императив за Арсими против AП Брера
СледноШкупи гостува во Ѓорче: Фаворити се, но нема да се предадеме