Мажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

69

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија.

Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на оваа локација го имаше настапот во ова европско клупско натпреварување.

Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни, ден подоцна е слободна, додека на 7 јуни ќе се соочи со Луксембург.

Женската сениорска репрезентација, пак, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде организатор на еден од турнирите од третиот викенд, од 19 до 21 јуни, во Европската лига, кога ќе ги измери силите со Хрватска и Словенија. Турнирот го стартуваме со Хрватска на 19 јуни, во второто коло сме слободни, додека Словенија е противникот со кој играме на 21 јуни.

Од оваа година Европската лига добива и ново значење и нова тежина за сите нејзини учесници, односно ја превзема улогата на квалификациски циклус за Европското првенство 2028 година.

ПретходноПолувреме: “Лавовите“ го полнат Шкупи во Ѓорче!
СледноВардар 1961 со апел до фановите: Побрзајте, рокот истекува на полноќ!