ПМФЛ: Брера со супер значајна победа кај Арсими!

126

Попладнево во Гостивар, во меч од 18.коло во ПМФЛ, Брера како гостин кај Арсими успеа да дојде до екстра значајна победа во битката за опстано и тоа со 0:2. Стрелци на головите беа Петровиќ во 23.минута и Стојанов во 90+3.минута. Со овие три бода Брера сега има 23 и се наоѓа на 5.место на табелата, додека Арсими остана со тие 22 и сега падна на седмата позиција.

Инаку ова беше втор пролетен меч за Арсими и втор пораз.Додека Брера по ремито со Македонија ЃП во првото пролетно коло дома, сега дојде и до победа и три бода.

Инаку ова беше меч кој не донесе премногу квалитет, имаше многу тактика и пред се чување на својот гол, барем така беше до 23.минута кога Петровиќ погоди за 0:1 за голема радост на гостите од Струмица.

По тој гол јасно беше дека домашните фудбалери ќе тргнат со сите сили во напад, по израмнување на 1:1. Арсими ја имаше иницијативата, но сепак не успеваше да дојде до гол. Акции, удари кон гостинскиот гол, но немаше радост за домашните фудбалери, ја погодија и стативата, но немаше израмнување.

Струмичани на другата страна преку Тодоров во 54.минута имаа голема шанса за 0:2, но овој го префрли голот на домашните. Имаше шанса Петровиќ и за втор гол во финишот на средбата, но овојпат немаше среќа.

Арсими и во последната фаза од средбата тргна на се или ништо, едноставно гол и тоа како беше потребен, домашните фудбалери имаа шанси преку Селмани и Јусуфу, сепак на крајот мораа да му честитаат на гостинот.

Посебно ако се знае дека во судиското продолжение Стојанов погоди за 0:2. За голема победа на струмичани.

ПретходноЛеброн Џејмс: „Не знам дали ќе играм следната сезона!“
СледноНајтрофејниот урива рекорди: Вардар една година е без пораз на домашна сцена!