Полувреме: “Лавовите“ го полнат Шкупи во Ѓорче!

150

Македонија ЃП по првото полувреме на свој терен против Шкупи има водство од 3:0. Очекувано ако се знае дека чаирачни играат со младински состав и се освен убедлива победа на “лавовите“ ќе биде голема сензација.

Тимот на стратегот Боби Божиновски поведе со голот на Хамзиќ во 10.минита. Следуваше убавиот гол со лоб на Гереро за 2:0, за да Софијановски со прекрасен шут од околу 18 метри постигна прекрасен гол за 3:0.

Јасно е дека победникот се знае уште по првото полувреме, прашање е само со колкава разлика ќе биде изразена победата на составот на Македонија ЃП.

ПретходноМицковска: Да продолжиме да рушиме бариери, да бидеме позитивен пример за идните генерации
СледноМажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026