ФА Куп: Арсенал го доби најлесниот противник, Ливерпул оди кај Волвс

126

Арсенал ќе гостува кај Менсфилд Таун во петтото коло од ФА Купот. Вечерва со ждрепка беа одредени комплетните двојки, а „топчиите“ се чини имаа најмногу среќа, затоа што за ривал во осминафиналето го добија најнискорангираниот тим кој игра во Лига 1.

Второлигашот Рексам доби уште еден домашен натпревар, па сега ќе го пречека Челзи на Хиподром Граунд. „Црвените змејови“ веќе елиминираа противник од Премиер лигата откако го победија Нотингем Форест на пенали во третото коло.

Во меѓувреме, Њукасл ќе биде домаќин на Манчестер Сити во реприза на нивниот полуфинален натпревар од Карабао Купот. Нивниот натпревар е еден од двата натпревари меѓу премиерлигаши, заедно со гостувањето на Ливерпул кај Вулверхемптон.

Натпреварите од петтото коло ќе се играат во текот на викендот, сабота, 7 март.

ПретходноСмртни закани за судијата на мечот Интер – Јуве, полицијата отвори истрага
СледноФаворитите без грешка, нема промени на врвот