Јанков: Шкупи има млади играчи кои сакаат да се докажат, но наша цел е опстанок во лигата!

28

Македонија Ѓорче Петров освои бод против АП Брера на стартот на пролетта, а сега ќе треба тоа да го завери и со триумф против Шкупи на домашен терен. Ѓорчепетровци ја имаат улогата на фаворити, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Шкупи, но ќе треба и да ја потврдат на теренот.

Искусниот голман Ристе Јанков верува дека Македонија ЃП ќе стигне до триумф, но апсолутно не потценува ниеден противник.

„Шкyпи има променет ростер, со млади играчи кои сакаат да се докажат. Не смееме никако да ги потцениме. Има уште многу натпревари, но секој бод е од клучна важност ако сакаме да го обезбедиме опстанокот во лигата.

Кризата се надевам дека ќе се реши брзо. Почнавме подоцна со подготовки, но добивме и неколку квалитетни засилувања и сега полека влегуваме во посакуваната форма. На последниот натпревар со АП Брера, тимот покажа дека во него има борбен дух. Така ќе биде до самиот крај на сезоната, со целосна посветеност и борба на секој натпревар“, заклучи Ристе Јанков.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Шкупи се игра од 13 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

ПретходноЛина Ѓорческа на 11 места до најдобриот пласман на ВТА-листата
СледноМурињо има посебна клаузула во договорот која може да го врати во Реал