Ќамили со гол од пенал донесе пресврт и победа за Сондерјиске

23
фото: Sønderjyske Fodbold (X)

Со петтиот гол оваа сезона, македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили му донесе голема победа на Сондерјиске на дуелот со Силкеборг од 2:1 во мечот од 20. коло во данската суперлига. Гостите имаа предност од 1:0, но во последните 15 минути, Сондерјиске предводен од нашиот напаѓач успеа да направи целосен пресврт.

Напрво дмашните израмнија во 77. минута, по што на 6 минути пред крајот добија пенал, а сигурен егзекутор беше нашиот голгетер.

Со оваа победа Сондерјиске е на четвртото место на табелата и сега го напаѓа Брондби на третото место.

ПретходноУ16: Реми на вториот меч против Малта во тешки услови за игра
СледноМурињо се закани: Не ни треба чудо за да го елиминираме Реал!