Дамјан Стојановски испиша историја во Купот на Македонија

104

Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ и оваа година го освои МЗТ Скопје, кој во финалето беше подобар од домаќинот Куманово. За тимот од Аеродром ова беше 14-ти трофеј во својата историја, четвртти во серија, што го прави најтрофеен во ова натпреварување.

Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски пак стана уникатен кошаркар во Купот на Македонија. Тој го освои 11. пехар во Купот на Македонија и изби на првото место во овој поредок, зад себе ја остави легендата Перо Блажевски, кој има десет трофеи.

Интересен податок кој е поврзан со семејството на Дамјан, е што неговиот брат Војдан, синоќа го освои шестиот трофеј, додека најстариот брат, Огнен има осум трофеи.

 

ПретходноМВП на Ол-Старот ги прозва Јокиќ и Дончиќ: Велат дека се најдобрите во светот….
СледноБелули: Трите бода се императив за Арсими против AП Брера