ИОК мета на напади поради продажба на маици со „фашистички мотиви“ од Игрите во 1936-та

24

Интернационалниот олимписки комитет се најде пред лавина обвинувања за продажба на маица со мотиви од Берлинските игри во 1936 година, кои Адолф Хитлер ги користел за промоција на нацистичка Германија. Официјалната онлајн продавница на Олимписките игри „ја распродала контроверзната маица“, која била претставена како „дел од Колекцијата на олимписко наследство“. Маицата реплицира дизајни од пропагандата што се користела пред 90 години.

Од ИОК изјавија дека тие се задолжени за заштита на олимпиското наследство.

„Не можеме да ја преработиме историјата. Се случија Игрите во 1936 година. Ние го сметаме она што го направи Џеси Овенс и голем број други спортисти како одличен пример за одржување на олимпискиот дух. Треба да запомниме дека има и некои добри аспекти од тие Игри“, изјавил претставник на ИОК.

ПретходноХрабрата Џирона ја порази Барса, Реал е нов лидер во Примера