Мицковска: Да продолжиме да рушиме бариери, да бидеме позитивен пример за идните генерации

64
Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Претседателката на федерација на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска е првата жена делегат на едно машко финале, таа беше официјално лице на завршница на Куп на Македонија во кошарка.

Мицковска го изрази своето задоволство од доверената задача и порача дека треба да се продолжи во рушењето на бариери.

„Како поранешна кошаркарка, но и како официјално лице на една голема завршница – овојпат на Купот на Македонија во машка конкуренција – чувствувам особена чест и одговорност.

Единствена жена, рамо до рамо со моите почитувани колеги, со истата посветеност, професионалност и љубов кон играта.

Благодарност до Кошаркарска федерација на Македонија за укажаната доверба. Поддршката и можноста да бидам дел од ваков настан се потврда дека трудот, знаењето и интегритетот секогаш го наоѓаат својот пат.

Да продолжиме да рушиме бариери, да отвораме врати и да бидеме позитивен пример за идните генерации. Горда што сум дел од спортот. Горда што сум дел од оваа приказна“, вели Елена Мицковска. 

ПретходноСкопје и Гевгелија ќе бидат домаќини на ЕП Б Дивизија!
СледноПолувреме: “Лавовите“ го полнат Шкупи во Ѓорче!