Романо објавил ФЕЈК фотографија на Дон Карло со три жени! (ФОТО)

164
ФОТО:facebook.com/fabrizioromanoherewego

Ете и тоа го има во светот на фудбалот. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, беше фотографиран на главната парада на најголемиот карневал во светот, оној во бразилскиот град Рио де Жанеиро. Анчелоти, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Милан и Челзи, уживаше во карневалската атмосфера со својата сопруга и поранешните бразилски репрезентативци Денилсон и Роналдо. Тој беше фотографиран во ВИП ложата во друштво на поранешни фудбалери, освојувачите на златниот медал на Светското првенство во 2002 година и ТВ-водителката Сабрина Сати.
Сопругата на Анчелоти, Маријана, исто така беше во друштвото. На социјалните мрежи кружи и слика од Анчелоти како прегрнува три девојки, но станува збор за сцена што не се случила во реалноста. Таа е генерирана од вештачка интелигенција. Сепак, ја објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Карло Анчелоти со некои девојки на карневалот во Рио де Жанеиро“, напиша Романо со објавата, која во моментот на пишување собра 274 илјади реакции на Фејсбук, а беше објавена ширум светот.

ПретходноРаботилница на одделот за безбедност и интегритет: Јасна борба против навреди и местење натпревари
СледноНе му се оди во пензија: Милан му понуди нов договор на Модриќ!