Шкупи гостува во Ѓорче: Фаворити се, но нема да се предадеме

23
ФОТО: FC Shkupi/FB

Екипата на Шкупи ја остави зад себе тешката пресметка со Тиквеш (0-6) и во текот на целата недела интензивно се подготвуваше за следниот предизвик. Тимот од Чаир и гостува Македонија Ѓорче Петров, со верба дека може да прикаже квалитетна партија на зелениот терен.

„Работевме напорно цела недела и детално го анализиравме тимот на Македонија Ѓорче Петров. Свесни сме дека тие се фаворити и имаме максимален респект кон противникот, но нема да се предадеме. Ќе се бориме во текот на сите 90 минути, исто како што сме правеле и во минатото“, изјави тренерот на ФК Шкупи, Алиса Виши.

Виши исто така потврди дека е формиран новиот стручен штаб, кој ќе ги предводи младите фудбалери во предизвиците на Првата македонска фудбалска лига.

„Ние сме млад тим, со ново раководство и со многу квалитетен и искусен стручен штаб. Заедно со Бујамин Асани, првиот асистент Седат Бериша и Јетон Абази, секојдневно даваме максимум во работата. Без разлика на моменталната ситуација во клубот, ќе се бориме до крај бидејќи имам максимална верба во моите играчи“, додаде Виши.

Натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ФК Шкупи ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 13:00 часот.

ПретходноУште еден момент за историја: Елена Мицковска е првата жена делегат на едно Куп финале!
СледноЛина Ѓорческа на 11 места до најдобриот пласман на ВТА-листата