Башкими го совлада Пелистер на свој терен (ВИДЕО)

98

Екипата на Башкими на свој терен предмалку со минимални 1:0 го совлада Пелистер и на тој начин со домашни три бода го заокружи 18. коло во домашниот ПМФЛ шампионат.

Во меч во кој што Башкими го искористи својот момент, а Пелистер не, клучна ситуација беше онаа во 38. минута кога по убаво изведениот корнер на петерецот одлично реагираше, Хасан и погоди за 1:0.

Пелистер од друга страна особено во второто полувреме имаше неколку ситуации да погоди односно да израмни но не успеа во тоа. Петар Петковски ја имаше најзрежата ситуација, но шутираше над голот, а Вилдан Керим во ситуацијата еден на еден не беше поуспешен од Јашар. Подоцна истата беше окарактеризирана и како офсајд.

Башкими сега е на одличното петто место на ПМФЛ табелата со 26 бодови, додека пак Пелистер е десетти со 19.

 

ПретходноАко испадне од Премиер лигата на Тотенхем ќе му се случи финансиски крах!
СледноРоберто Росети, шефот на судии на УЕФА, за прв пат во Македонија на покана на Масар Омерагиќ