Вечерва се одиграа три меча од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Шампионите. Јасно беше дека сите погледи беа свртени кон Лисабон каде играа Бенфика и Реал Мадрид. Посебно ако се знае што се случуваше на „Луж“ пред неколку недели. Сепак вечерва победи Реал Мадрид во еден хаотичен меч со 0:1 и тоа со фантастичниот гол на Винисиус во 50.минута. Потоа следуваше хаос, расистички повици кон Бразилецот а наводно Престијано го нарекол напаѓачот на гостите – МАЈМУН. Дојде до десетминутен прекин, Вини бараше казни за Аргентинецот во дресот на Бенфика. По цели десет минути мечот беше продолжен.
Да кажеме дека во финишот Мурињо доби црвен картон па нема да ја води Бенфика на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
ПСЖ кај Монако губеше со 2:0 и тоа по 18.минута. Во тие моменти Витиња не успеа да реализира пенал. Балогин со два гола просто го “стресе“ европскиот првак. Следуваа головите на Дуе два и на Хакими за пресврт – победа на тимот на Луис Енрике од 2:3. Реваншот се игра во Париз.
Дортмунд со 2:0 ја победи Аталанта во меч кој доцнеше 15 минути. Стрелци за германскиот тим беа Гираси и Беиер.










